Шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека
Серхио Агуеро ќе отсуствува неколку натпревари поради повреда, а тоа значи дека
аргентинскиот напаѓач нема да биде во комбинација ниту за градското дерби со
Манчестер јунајтед идниот викенд.
Агуеро се повреди
во дербито против Челси на домашен терен, каде „Граѓаните“ со пресврт дојдоа до
триумф од 2-1, а говорејќи на пресконференцијата во пресрет на гостувањето кај
Шахтер во Лигата на шампионите, Гвардиола потврди дека Аргентинецот ќе мора да
паузира.
„Не знам точно,
но тој се соочува со проблеми, ќе отсуствува неколку натпревари“ рече
Гвардиола.
„Ќе ни
недостасува Серхио, ние веќе имаме некои проблеми околу повредите, меѓутоа ќе
го чекаме да се врати, истовремено, ќе нагласам дека ги имаме Габриел Жесус и
Рахем Стерлинг кои исто така можат да играат на таа позиција“ додаде тренерот
на „Граѓаните“.