Марчело Липи
верува дека Интер го направи најсилниот фудбалски шампионат на Италија
поинтересен, меѓутоа не верува дека нешто ќе се промени во однос на титулата,
алудирајќи на тоа дека неговите очекувања се Маурицио Сари да му донесе нова
титула на Јувентус.
Поранешниот
тренер на обете екипи, смета дека неизвесноста моментално е мошне добредојдено
сценарио за „Серија А“, иако дополнува дека не би требало да има дилеми на
крајот.
„Сево ова е мошне
добро бидејќи стартот на сезоната ветува многу возбудувања, мислам дека ќе трае
до самиот крај“ вели Липи за „“Кориере дело Спорт.
„Во август мислев
дека три екипи ќе бидат инволвирани,
меѓутоа Наполи падна, а сега за нив ќе биде мошне тешко да се вратат во
чекор со екипите од врвот, Карло Анчелоти е многу добар тренер, ви гарантирам
дека тој може да донесе подобрување на тимот на Наполи, меѓутоа во еден ваков
тежок и комплициран период за таа екипа, веќе разликата е голема“ додава Липи.
„Јувентус ќе мине
низ еден период на трансформација, од стилот на Алегри, до оној на Сари, засега
тој носи успех поради квалитетот на одредени индивидуалци, повеќе отколку
неговиот стил на игра, конкурентите на Јуве треба да бидат загрижени, откако „Бјанконерите“
ја подобрат нивната игра и перформанси, нема ниту да има приказна оваа година,
сосема е очекувано оваа ера на успеси на таа екипа да продолжи“ заклучи
искусниот Италијанец.