253
Ибрахимовиќ кој претходно работеше со Мурињо во Интер и Манчестер јунајтед, се поврзува со трансфер во Тотнем во јануари. Но Мурињо ги негира таквите гласини.
„Нема шанси тоа да се случи. Ние го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Еден од топ два или три напаѓачи во светот“, вели Мурињо.
„Немаат логика ваквите шпекулации, бидејќи Златан е многу важен играч кој и покрај годините може да игра во било кој клуб во светот, па нема смисла да доаѓа во клуб каде што го имаме Хари Кејн“.
И навистина нема логика, и Хари Кејн и Златан Ибрахимовиќ не се играчи кои би ја грееле клупата.