Кејн: Има само пофалби за Мурињо, но открива дека бил во куќата на Покетино кога дознал дека тој добил отказ

by
1 минути читање

Ерата на Покетино во Тотнем траеше пет и пол години, тој донесе голем напредок во тимот, но не успеа да освои трофеј. Спарс исклучително ретко се радуваат на титула.

Кејн верува дека тоа може да се промени под водство на Жозе Мурињо.

„Мурињо освојувал во секој клуб каде што бил. Тој сака да победува. Докажан победник е. Не кријам дека јас сум во степен од кариерата во кој сакам да освојувам трофеи“, вели Кејн.

„Сега сме во трка за трофеј во Лигата на шампионите и ФА Купот и ќе се обидеме да го направиме тоа, ќе продолжам да се борам на теренот за да го оствариме тоа. Мурињо може да ја направи разликата поради својата репутација“.

„Сите ние сакаме да освоиме титула. Сакавме да освоиме и со Маурисио кога беше тука, сакаме и сега со Мурињо. Но се разбира кога некој има репутација како него, тоа ви дава самодоверба, верба во тимот“.

„Сега има свежа желба за докажување кај секој, сите сакаат да му покажат на новиот тренер што можат“.

Кејн објаснува и дека отказот на Покетино бил шокантен.

„Тоа беше недела каква што сум немал во мојата кариера претходно. Вторникот навечер беше голем шок за сите, за фудбалерите, голем пресврт“.

„Добивме нов тренер, еден од најдобрите во оваа игра, па автоматски треба да се насочиме на тоа и да се фокусираме на натпреварот“.

„Јас бев да го видам Покетино. Следниот ден отидов во неговата куќа да видам како е“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×