Смолинг како Бекам, Рома се разбуди во второто полувреме, Лацио во последните мигови стигна до победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Волчицата“ им се
врати на победите откако попладнево пред своите фанови ја совлада Бреша со 3-0.
Домаќините се разбудија во вториот дел и за 20 минути го „растурија“
противникот. Инспиратор на победата беше Крис Смолинг, кој постигна гол и
забележа две асистенции. Дефанзивецот го отвори резултатот во 49. минута по
еден корнер од десната страна, а потоа доби уште два воздушни дуели и спушти топк, најпрво за Манчини а
потоа и за Џеко.

Со оваа партија,
Смолинг стана првиот Англичанец кој постигнал најмалку два гола во една сезона
во Серија А по Дејвид Бекам во 2008/09.

Попладнево
успешен беше и вториот тим од Рим. Лацио славеше на гостувањето кај Сасуоло со
гол во последните минути од мечот. Имобиле ги донесе „бјанкочелестите“ во
предност
во 34, минута, а пред крајот на првиот дел, Капуто погоди за 1-1. Гостите
го имаа последниот збор и преку Каиседо во 91. минута стигнаа до три бода.

На последниот
натпревар од 15 часот, Верона со 1-0 ја совлада Верона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×