Фламенго има
фантастична сезона, тимот од Рио синоќа го победи Ривер во финалето од Копа
Америка, а на добар пат е да ја освои и титулата во првенството на Бразил.
Еден од
најзаслужните за ова е Габи-гол, напаѓачот игра во страшна форма и до овој момент забележа 40 погодока во сите
натпреварувања. Тој вчера два пати ја тресеше мрежата на Ривер и го донесе
пресвртот и првиот трофеј по 38 години во Лигата на шампионите на Јужна
Америка.
На успехот на
Фламенго добро се израдува и Интер, „нероаѕурите“ го поседуваат Габи-гол и
напаѓачот игра како позајмен на „Маракана“ до декември, а по одличните партии,
неговата цена сега е двојно повисока.
Како што
пренесуваат медиумите, Интер и Фламенго пред неколку месеци биле во напредни преговори и начелно
бил постигнат договор за трансфер од 22 милиони евра, но клубот од Бразил
тактизирал и се обидел да ја намали цената за неколку милиони бидејќи немало
интерес од друг клуб. Но сега се споменува сума од 35-40
милиони евра за услугите на 23 годишниот голгетер.