Масимо Алегри беше присутен на Сан Сиро на мечот меѓу Милан и Наполи по што тргнаа шпекулациите дека тој би можел да биде нов стратег на Наполитанците.
Ситуацијата во Наполи е тешка, претседателот Де Лаурентис ќе прави сериозен ремонт, ќе продаде дел од големите фудбалери поради непослушност, а најверојатно ќе се случи и тренерска смена.
Наполи е во резултатска криза до степен да стравува за пласман во топ четири во Серија А.
Алегри е без работа од јуни минатата година кога се раздели со Јувентус.
Тој се поврзуваше со Тотнем и Баерн Минхен, но ништо нема од тоа.
Се уште е се поврзува со Арсенал и Манчестер јунајтед, но доколку одлучи да остане во Италија тогаш Наполи е најсериозна опција за него.