Челси само дваесетина минути беше подобар од шампионот, Манчестер Сити го доби дербито (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По поразот од Ливерпул, Манчестер Сити им се врати на победите откако на свој терен го победи Челси.

Тимот на Френк Лампард одлично го почна мечот, по асистенција на Ковачиќ во 21. минута, Канте постигна гол за водство на Челси од 1-0.

Но радоста не траеше долго, во 29. минута Кевин Де Брујн постигна среќен гол за израмнување на 1-1, а осум минути подоцна Махрез погоди за пресврт и водство на Манчестер Сити од 2-1.

До крајот на мечот резултатот остана ист иако во судиското продолжение Манчестер Сити даде уште еден гол, Стерлинг погоди но беше за малку во офсајд па ВАР му го поништи погодокот.

Со овие три бода Манчестер Сити се качи на третата позиција на табелата, а Челси падна на четвртото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×