Шампионот на
Италија го отвори 13. Коло во Серија А со победа на незгодното гостување кај Аталанта.
Домаќините промашија пенал, имаа уште неколку добри шанси и заслужено поведоа
по десет минути игра во вториот дел со голотна Госенс, но во завршницата,
Јувентус направи комплетен пресврт.
Гонзало Игуаин одлично
се снајде по една мешаница во 74. минута и со доза на среќа погоди за 1-1, а
истиот играч во 82. минута реализираше за 1-2 по една добро одработена акција.
Трите бода беа осигурани во втората минута од судиското надополнување, Дибала заврши
една контра за 1-3.
Сепак, мечот го
одбележаа два контроверзни моменти. При резултат 1-1, Џан играше со рака, Аталанта
бараше пенал, но судијата не се огласи, а не го промени ниту мислењето откако
ги прегледа повторените снимки со ВАР сметајќи дека Германецот немал намера.
Спорен беше и
голот за водство од 1-2, на зачетокот од акцијата Квадрадо со рака ја сопре топката но
Роки повторно пресуди дека се били чисто.