Шампионот на
Шпанија добро се помачи против последнопласираниот тим на табелата, Леганес.
Барселона на полувреме имаше заостанување од 1-0 откако домаќините одлично го
отворија мечот и поведоа со прекрасниот гол на Ен Несири, кој убаво пласираше
во аголот и не му даде шанса на Тер Штеген да интервенира.
„Каталонците“
изедначија на стартот од вториот дел. Меси нафрли од слободен удар а Суарез со
глава реализираше за 1-1.
И вториот гол на
Барса падна од прекин. По еден корнер во 79. минута, топката случајно се одби од еден играч
на Леганес и заврши кај Видал кој од неколку метри не можеше да погреши.
Домаќините бараа офсајд, тоа го сигнализираше и помошникот, но главниот судија
убаво виде кој играше со топката, а и ВАР ги расчисти сите дилеми за победа и
три бода на гостите.