Распродажба во Наполи, Де Лаурентис прави „ремонт“ на тимот

by
1 минути читање

Италијанскиот
вицепрвак се подготвува за доста активен преоден рок идното лето, откако клубот
од Неапол наводно ќе продаде петмина фудбалери од својот состав, известува „Газета
дело Спорт“.

Работите во
клубот излегоа од контрола по последните случувања откако дел од фудбалерите
одбија да бидат во карантин, каква што беше одлуката на клубот, а дополнително,
поддршката од тренерот Карло Анчелоти до нив донесе и револт кај првиот човек
на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Според
известувањата од Италија, се вели дека идното лето ќе следи распродажба во
Наполи, Де Лаурентис веќе идентификувал петмина, и тоа, Хозе Калјехон, Дрис
Мертенс, Лоренцо Инсиње, Калидули Кулибали, како и Алан, кој се наведуваше како
главен во бунтот од соблекувалната.

Напаѓачите
Калјехон и Мертенс кои се во финалната година од својот договор со Наполи,
веројатно е дека ќе бидат продадени уште во јануарскиот преоден рок, а од тоа
што можеме да го забележиме, Кулибали е најзвучното име на таа листа, за еден
од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот постои голем интерес од
гигантите низ Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×