Дејан Кулушевски со одличните настапи за Парма каде игра како позајмен од Аталанта, е вистински хит во Серија А.
Во интервју за „Ла Република“, Кулушевски одговараше на многу прашања.
„Аталанта ме донесе во Италија кога имав 15 години, тие ме видоа на турнир против нив. Знаев дека ќе станам силен фудбалер, но не знаев колку добар ќе бидам“, изјави Кулушевски.
„Не сакам да си заминам во јануари од Парма бидејќи сакам да созреам тука. Ми се допаѓа и Серија А и Премиерлигата, но на крајот Аталанта ќе одлучи. Се обидувам да не мислам на иднината, бидејќи така ќе тренирам лошо и лошо ќе играм“.
Интер се интересира за Кулушевски, Конте го сака него уште јануари со цел да го зголеми ростерот.
„Играв и против Интер и против Јуве, тие се најдобрите екипи во Серија А. Интер да го освои Скудетото? Прерано е да кажам, но зошто да не? Но засега сакам да останам тука“.
„Најдобриот фудбалер во светот според мене е Еден Азар, тој може да прави што сака со топката. Го префереирам него пред Роналдо и Меси. Мбапе е најдобриот млад играч во светот. Физички е монстер“.
„Од Италијанците, Гаетано Кастровиали е многу силен. Никогаш немав слушнато за него, и потоа играв против него и сфатив колку е добар“.
БетАдриа викенд типови: Тулуз е 14 лига натпревари без победа против Марсеј