Како за почеток,
да се навратиме најпрво на претходното коло, повторно забележавме одличен скор
со нашата анализа, а доколку не следите од почетокот, веројатно добивте многу,
со оглед на фактот што секое коло нашата анализа го надминува просекот.
Во 12. рунда
натпревари, просекот на освоени бодови се движеше 48, нашата анализа и тоа што
го понудивме во изборот донесе 82 освоени бодови, со Варди (12) како капитен, а
немаше да погрешите ниту со Марсијал (10) кого го поставивме како замена за
капитенот.
Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Рашфорд и Марсијал „загреани“ го напаѓаат Брајтон
Наведовме дека е
одлично решение да селектирате двајца просечни голмани, но со оглед на нивниот
редослед и распоред на натпревари, да би можеле често да ги ротирате во „бркотницата“
по бодови, селектирањето на Поуп од Барнли се докажа како исправно, а тој со 9 освоени
бода се најде и во тимот на колото.
Толку за
претходната анализа, сега се префрламе на претстојното 13 коло во
Премиерлигата, доста очекувано од сите нас големи љубители на „Фантази
Премиерлигата“ по интернационалната пауза.
Најпрво да ја
проследиме трансфер статистиката, таму најкупуван фудбалер сосема очекувано е
Џејми Варди од Лестер, а дури тројца од тој клуб се на првите три позиции на
најкупувани, водечката петорка ја заокружуваат Мане од Ливерпул, односно
Лундстрам од Шефилд Јунајтед.
Напаѓачот Пуки по
блескавите изданија на стартот, до очајните изданија во продолжението, веќе ја
загуби довербата, па така од него се ослободуваат најмногу од натпреварувачите.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Жозе Мурињо седна
на клупата на Тотнем наследувајќи го Маурицио Покетино на таа позиција, клубот
од Лондон има интересни опции во својот состав, но, останува дилемата околу тоа
дали може повеќе, со оглед на слабата клупа со која располага и повредите со
кои се соочуваше.
Веројатно ги
разгледувате опциите кои се понудени во тој состав, наш совет е да го
проследиме мечот со Вест Хем на гостински терен, да видиме каква ќе биде
реакцијата на Мурињо на самото деби, а воедно и неговиот избор и тактика.
Особено е дискутабилно во дефанзивната линија, таму имаме неколку ефтини опции
на пазарот, но, нема да ризикуваме и ќе сочекаме да видиме кои се приоритетните
во изборот на Португалецот.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Започнуваме со
голманската позиција, таму ќе го селектираме Џордан Пикфорд (5.5) од Евертон,
кој со својот тим на домашен терен го пречекува „разнишаниот“ состав на Норич
кој никако да се пронајде себе си во Премиерлигата по добриот старт, особено
индиспониран извесен период е нивниот напаѓач Пуки, за што веќе наведовме
претходно.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Секако дека со
оглед на околностите од мечот на „Гудисон Парк“, во изборот во дефанзивната
линија ќе го внесеме и Лукас Дињ (5.9), кој сигурно ќе биде доста активен на
противничката половина во мечот против Норич.
Понатаму
продолжуваме со двоецот Ендру Робертсон (7) и Трент Александер-Арнолд (7.2) кои
со својот Ливерпул гостуваат кај Кристал Палас, кој знае како против фаворити,
меѓутоа очекувањата од двата неверојатни бека за ова гостување во Лондон се
секако големи кај нас.
Бенјамин Чилвел (5.8)
со Лестер, гостува кај Брајтон, бекот има рапидно зголемување на својата цена
поради одличните изданија, а „Лисиците“ имаат неверојатна серија која носи
голема доверба кај натпреварувачите.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Во средниот ред
започнуваме со Ентони Марсијал (7.8) од Манчестер јунајтед, гостувањето кај
Шефилд Јунајтед секако нема да биде лесно за „Црвените ѓаволи“, но радува
одличната форма во играта во нападот кај тимот на Оле Гунар Солшер, особено
двоецот Марсијал-Рашфорд функционира перфектно, иако вториот е повлечен нешто
поназад во формациската поставеност, меѓутоа исто е доста опасен.
Уште еднаш, како
што тоа го сторивме во неколкуте анализи претходно, и тука ќе наведеме дека
Марсијал е премногу добра опција за да го имате во својот состав, тој во
реалноста настапува како централен напаѓач, во моментов со оглед на последните
тактички промени на Солшер, игра како осамен во нападот, но, во играта се води
како фудбалер од средниот ред, што отвора можност за повеќе бодови секако.
Садио Мане (12.1)
од Ливерпул од поодамна е прв избор во однос на својот соиграч Мохамед Салах,
потег кај натпреварувачите кој се покажа како доста исправен, а нешто за што и
самите ние наведовме уште пред неколку кола, очекувањата се остварија, а
очекуваме нови бодови од Мане, овој пат на гостувањето кај Кристал Палас.
Харви Барнс (5.9)
е фудбалерот кој секогаш знае да изненади од сенка во тимот на Лестер, Брендон
Роџерс има голема доверба во овој млад дефанзивец кој има одлична сезона
досега, па со оглед на неговата се уште ниска цена на пазарот, нема да
погрешите во својот избор, со оглед на фактот што треба да внимавате на буџетот
со кој располагате. Гостувањето кај Брајтон е нова можност за Барнс за
асистенција, а зошто да не и погодок од негова страна.
Четворката од
средниот ред ќе ја заокружиме со Џон МекГин (5.8) од Астон Вила, фудбалер кој е
„моторот“ на тимот од „Вила Парк“ сезонава, досега постигна три погодоци, а
запиша и две асистенции, на Њукасл сигурно нема да му биде лесно на гостувањето
во понеделник, а Астон Вила важи за екипа која негува офанзивен пристап во
својата игра.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Секако дека тимот
составен без Џејми Варди (9.6) од Лестер во еден ваков период не е тим, гостувањето
во Брајтон е нова можност за напаѓачот кој игра во голема форма, а како негов
партнер во нападот ќе го селектираме Маркус Рашфорд (8.5) од Манчестер
јунајтед.
Во претходната
анализа наведовме за старо-новата позиција на Рашфорд, ако претходно го гледавме
во друштво на Марсијал во нападот, сега Рашфорд игра на левата крилна позиција,
од каде е премногу опасен, оние кои го проследија дуелот со Брајтон се уверија
во тоа, едноставно е, штом дојде до топката на својата позиција, речиси секој
момент создава голема опасност кон голот на противникот, а одлично
функционираат со Марсијал, за што потегот на Солшер по ова прашање секако дека
може да се пофали.
Предлог состав:
ПИКФОРД (5.5); ДИЊ (5.9), РОБЕРТСОН (7), АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.2),
ЧИЛВЕЛ (5.8); МАРСИЈАЛ (7.8),
МАНЕ (12.1), БАРНС (5.9), МЕКГИН (5.8); ВАРДИ (9.6), РАШФОРД (8.5).
Капитен: ВАРДИ
Заменик-капитен:
Марсијал
За крај, како и
секогаш завршуваме со осврт на случувањата во лигата на „Македонија“, како и
онаа на „24фудбал“.
Во „Македонија“
лидер е Александар Неделковски со досега освоени 754 бода, па имате можност да
се запознаете со неговиот состав од претходното коло.


Во лигата на „24фудбал“
лидер е Љубомир Игнов со освоени 731 бод досега, имате можност да го проследите
и неговиот избор.


Среќно на сите
натпреварувачи во новото коло на „Фантази Премиерлигата“, не заборавајте да се
приклучите на „24фудбал“ лигата, кодот е следен: ah7lqe