Џонатан Барнет,
агентот на Герет Бејл вели дека фудбалерот не е загрижен околу тоа како
навивачите на Реал Мадрид би реагирале по контроверзното славје во текот на
интернационалната пауза.
Велс обезбеди
учество на Европското првенство идната година, а Бејл славеше во друштво на
своите колеги од репрезентацијата држејќи го знамето на Велс на кое имаше
натпис „Велс, Голф, Мадрид“, алудирајќи на приоритетите на самиот фудбалер.
Многумина во тоа
видоа голема провокација кон шпанскиот гигант, а „Марка“ не се штедеше во
своите критики до фудбалерот па го постави на насловната страна, возвраќајќи во
иста мера во улога на навивач на Реал Мадрид со зборовите „Без почит. Погрешен.
Неблагодарен“.
Како и да е, во
изјава за „ЕСПН“, Барнет наведе дека Бејл не е загрижен околу тоа каква би била
реакцијата на навивачите во Мадрид.
Таквиот начин на
славје кај Бејл дојде по честите критики кон него дека Реал Мадрид му е на последното
место по приоритет во неговиот живот, прва е селекцијата на Велс, потоа
играњето Голф, за дури потоа обврските кон Реал Мадрид.