„Марка“ за причините за отказот на Покетино: Тоа дојде како шок за многумина, како навистина се случи…

by
2 минути читање

По цели пет
успешни години предводење на тимот од Северен Лондон, времето на Маурицио
Покетино на клупата на Тотнем дојде до својот крај, аргентинскиот фудбалски
стратег се здоби со отказ, а негов наследник е Жозе Мурињо.

Шпанскиот весник
„Марка“ пишувајќи за причините поради кои Покетино се здоби со отказ на клупата
на Тотнем, посебен акцент стави во односот помеѓу него и првиот човек на
клубот, Даниел Леви, секако, тука е наведена и трансфер политиката на клубот
поради добро познатиот карактер на Леви по тоа прашање.

Односот помеѓу
Аргентинецот и Даниел Леви се влоши од обновата на договорот во мај 2018.
година. По толку години работа и убедување за тој договор да се реализира,
конечно Покетино потпиша, меѓутоа не беше среќен поради потезите на Леви кои следуваа потоа
“ пишува „Марка“.

Одбивањето на
клубот да му дозволи на својот тренер да разговара со Реал Мадрид и лошата
политика околу потенцијалните засилувања доведоа до тензија, по минатата сезона
која беше успешна, тие повторно преговараа, и тогаш немаше никаков договор
постигнато, а разликите помеѓу обете страни беа големи
“ додава шпанскиот
весник.

Веднаш потоа
дојде и очајниот старт на новата сезона во Премиерлигата, „Спарси“ освоија само
14 бода од 12 натпревари, а последната победа тимот ја забележа на 28 септември,
а секако дека резултатите одиграа клучна улога во оваа одлука, покрај тоа
секако дека другиот проблем е различните гледишта на Леви и Покетино околу
трансфер политиката на клубот
“ пишува „Марка“.

Покетино
веруваше дека е вистинско време да се освежи тимот со доведување на нови таленти
продажба на оние повеќе не сакаат да бидат во тој клуб повеќе, како што е
случајот со Кристиан Ериксен, сево ова доведе до разделба на тренерот со клубот
по петте за многумина успешни години
“ заклучи „Марка“ во својата анализа,
завршувајќи дека Покетино нема да биде долго без ангажман, ако се земе во
предвид дека „Билд“ извести дека Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за
неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×