Калдерон очекува Бејл да биде исвиркуван од навивачите на Реал Мадрид откако со соиграчите од Велс се радуваше пред знамето „Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“.
Мурињо се обидуваше да го купи Бејл уште како тренер на Манчестер јунајтед но тогаш Реал Мадрид одлучи да му го продолжи договорот
„Вистина е, Мурињо го сака Бејл“, изјави Калдерон за „Би-Би-Си“. „Тој го кажа тоа во 2017 година кога се обиде да го купи за Манчестер јунајтед но Реал Мадрид одлучи да му го продолжи договорот на Бејл“.
„Се сеќавам како велеше „Доколку е на излезната врата, јас ќе го чекам од другата страна“, па можеби тоа е најдобро решение за сите“.
Калдерон смета дека моментот со прославата на играчите на Велс е детски, не е сигурен дали Бејл намерно провоцирал, но смета дека сликата која се рашири низ светот само додаде масло во оганот.
Нејасно е дали и колку Даниел Леви би одвоил за ангажман на Герет Бејл, и колку ќе побара Реал Мадрид.
Но јасно е дека најдобро за сите страни е Герет Бејл да се врати во Тотнем, во клубот од кој му се промовираше на светот.