Заминувањето на
Роберт Морено од клупата на Шпанија и понатаму буди голем интерест во јавноста,
стратегот синоќа се огласи со соопштение, но ниту тоа не разјасни одредени
работи за начинот на кој се случи разделбата.
Луѓето од
федерацијата, а и самиот Роберт Морено, во неколку наврати нагласија дека
вратата за Луис Енрике секогаш е отворена, па сега кога поранешниот тренер на
Рома и Барселона изразил желба да се врати, сосема логично е Роберт Морено да
се повлече од кормилото.
Но многумина
сметаат дека ова не е целата приказна бидејќи Роберт Морено не останува како дел
од тренерскиот персонал, и се поставува прашањето каков конфликт настанал
помеѓу двајцата за Луис Енрике да одбере други луѓе за соработници.
Неколку медиуми
денеска го нечекаа Роберт Морено на улица и се обидоа да извлечат информација
плус на оваа тема, но стретегот ја задржа реториката од соопштението и одби да
креира контроверзија.
„Не знам која е
причината, треба да го прашате Луис Енрике зошто нема да бидам негов помошник. Мислам дека најдобро за двете страни е ова да остане помеѓу нас. Но доколку
другата страна сака да зборува, нека зборува. Јас немам што да кажам бидејќи
мислам дека тоа нема да донесе добро за никого“ – вели Роберт Морено.
Запрашан за тонот
на соопштението во кое немаше прекор за болната одлука и имаше само благодарност,
тој вели: „Јас сум таков човек. Жал ми е што не можам да објаснам ништо друго.
Искрено мислам дека соопштението кажува се. Не чувствувам дека бев предаден“.
„Веќе почнаа да
ми се јавуваат клубови. Убаво а да се види дека луѓето ја ценат вашата работа.
Но во моментов сакам да се релаксирам ден-два со семејството и потоа ќе мислам
што понатаму“.