335
Златан Ибрахимовиќ го бира новиот тим, оној во кој треба да се пресели во декември кога ќе му истече договорот со ЛА Галакси.
Се пишуваше дека Ибрахимовиќ бара шест милиони евра за шест месеци, Милан му ја нуди таа сума но за 18 месеци. Тоа значи дека понудата на росонерите е три пати пониска од таа што ја бара фудбалерот.
Ибрахимовиќ има 38 години, па се чини дека понудата на Милан е многу пореална отколку неговите барања.
Фудбалерот наскоро треба да се изјасни дали ќе прифати да се врати во Милан.