Што му пишал Мурињо на Кејн веднаш откако го назначија за тренер на Тотнем

by
0 минути читање

Еден од условите кој Мурињо му ги поставил на сопственикот на Тотнем, Даниел Леви за да прифати да биде тренер, е Хари Кејн да не биде продаден.

Мурињо е фан на играта на Кејн за кој смета дека е најдобриот напаѓач во светот.

„Тајмс“ открива дека веднаш по назначувањето за тренер, Мурињо му пишал на Хари Кејн дека е најдобар напаѓач во Европа и ќе му помогне со тимот на Спарс да освојуваат трофеи.

Првиот меч на Мурињо како тренер на Тотнем е во сабота од 13:30 часот на гостински терен кај Вест Хем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×