Михајловиќ заврши со третата фаза од хемотерапија: Не постои поубава работа… Повторно дома (ФОТО)

by
1 минути читање

Пред почетокот на
сезоната, Синиша Михајловиќ соопшти лоши вести, стратегот боледува од
леукемија. И покрај тешката болест и исцрпувачките третмани, тој реши да
продолжи со работата и со дозвола на лекарите, неколку пати седеше на клупата и
лично го командуваше својот тим.

Минатиот месец ја
предводеше Болоња против Јувентус, дури беше и во карантин со играчите вечерта
пред мечот, а два дена подоцна се врати во болница за нова фаза од
хемотерапија.

Третиот циклус на
третман сега заврши, па Синиша Михајловиќ утрово ја напушти болницата
Сант’Орсола и се врати дома. Убавите вести ги сподели неговата сопруга Аријана,
која имаше објава инспирарана од песните на Ерос Рамацоти и напиша: „Не постои
поубава работа… Повторно дома“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×