Де Брујне е играч на вечерта со три асистенции и гол, Германија си замина од Белфаст со важни три бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фаворитете според планот, забележаа победи со кои бележат прогрес кон остварување на целта и обезбедување настап на Европското првенство. Играч на вечерта е Кевин Де Брујне, фудбалерот на Манчестер Сити ја предводеше Белгија со три асистенции и погодок до триумф од 0-4 на гостувањето кај Шкотска, па на „ѓаволите“ сега им требаат уште три бода за да го чекираат билетот за ЕВРО 2020.

И Русија е на добар пат да го потврди своето учество на континенталниот собир, „зборнајата“ се намачи против Казакстан но на крајот триумфираше со 1-0 и се зацврсти на второто место во Групата И зад Белгија.

Кипар може нема шанси за првите две места на табелата, но не дозволи изненадување и со 0-4 триумфираше на гостувањето кај Сан Марино.

Во Групата Ц, Германија си замина од Белфаст со важни три бода. Северна Ирска во пресрет на ова коло беше на врвот на табелата со 12 бода, вечерва добро го намачи светскиот шампион од 2014, но „панцерите“ на крајот стигнаа до победа со два гола во второто полувреме. Во 48. минута резултатот го отвори Халштенберг, а Гнабри погоди во 93. минута за конечни 0-2.

Холандија ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Естонија и славеше со убедливи 0-4. Бабел постигна два погодока, по еден Депај и Вајналдум.

Словачка со 1-2 триумфираше кај Унгарија, и ја направи неизвесна Групата Е, особено по киксот на Хрватска и ремито со Азербејџан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×