Во Јувентус размислуваат да тргнат по трио од Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

Во Јувентус
сериозно размислуваат да тргнат кон трио од Манчестер јунајтед, а италијанскиот
шампион наводно ја разгледува опцијата во своите редови да ги ангажира Давид де
Хеа, Ерик Баји и Немања Матиќ идното лето.

Тимот од Торино
веќе имаше успешно сценарио во битката за потписот на Арон Ремси од Арсенал,
има успешни мисии во поглед на таа тема од Премиерлигата, особено тоа важи за
фудбалери чии договори се кон крајот.

„Газета дело
Спорт“ пишува дека Јувентус своето влијание ќе го насочи во Манчестер јунајтед,
каде има три интересни опции за засилувања, првата желба секако е Де Хеа,
откако Шпанецот во јануари би имал можност да преговара со заинтересираните
клубови, со оглед на фактот што ќе влезе во завршницата од неговиот важечки
договор со тимот од „Олд Трафорд“.

Што се однесува
пак до Баји, тој сигурно дека ќе има лимитирана минутажа во тимот на Солшер,
особено по доаѓањето на Мегваер во тимот, а Матиќ веќе потфрли под кормилото на
норвешкиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×