Причината зошто Дембеле не сакаше ниту да слушне за ПСЖ

by
1 минути читање

Осман Дембеле откри
зошто ја одбил можноста да се пресели во ПСЖ во изминатиот летен преоден рок, а
Барселона го користеше Французинот како дел од понудата за да го врати Нејмар
на „Камп Ноу“.

Тешко дека
Дембеле константно ќе добива почетно место во тимот на Ернесто Валверде,
особено по доаѓањето на Антоан Гризман во тој состав, а младиот Французин дури
не ни сакал да ја слушне понудата од страна на ПСЖ.

Да бидам искрен,
не се грижам за тоа кој доаѓа, конкуренцијата воопшто не ме заплашува, ќе се
борам да успеам тука
“ рече Дембеле во изјава за „Л
Екип“.

Офанзивецот
истовремено инсистира дека постои голема желба кај него да остане во Барселона
и да се обиде да го исполни својот сон, односно, да ја освои „Златната топка“, нешто, што смета дека би можел да го стори на „Камп Ноу“, но, не и во тимот на ПСЖ.

Иако има одлични
односи со својот поранешен тренер од Борусија Дортмунд, Томас Тухел, со кого
соработуваа во сезоната 2016/17, а Французинот играше клучна улога во составот
на германскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×