Меси има посебна клаузула во договорот со Барселона доколку сака да си замине

by
1 минути читање

„Ел Паис“ пишува
дека првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси има посебна клаузула во договорот
со Барселона, со која му е дозволено да си замине од „Камп Ноу“ доколку
посакува такво нешто, Аргентинецот тоа може да го стори на крајот од било која
сезона.

Меси пет пати во
текот на својот досегашен престој на „Камп Ноу“ го продолжуваше договорот со
Каталонците од 2005. година па наваму, последен пат тоа го стори во 2017.
година, со што стави потпис на договор кој е во важност до 2021. година.

„Ел Паис“ тврди
дека постои договор помеѓу Аргентинецот и самиот клуб со кој тој има дозвола да
одлучи дали ќе си замине или не, тоа може да го стори до 30. јуни од крајот на
било која сезона.

Договорот помеѓу
двете страни се должи на лојалноста на Меси кон Барселона, а доколку тој се
реши да го прекине договорот според горе наведената можност, во тој случај
Аргентинецот би бил слободен во својот избор да го напушти „Камп Ноу“.

Одредени медиуми
пак во однос на оваа тема пишуваат дека таа опција на Меси се однесува само за
фудбалски клубови вон Европа, што ја отвора можноста за евентуално тој да се
врати во неговата родна Аргентина, доколку тоа го посакува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×