Интер не е единствениот кој притискал Икарди да си замине од Милано

by
1 минути читање

Мауро Икарди ги
засили редовите на ПСЖ, а со тоа барем за момент се задоволија желбите во тимот
на Интер, меѓутоа, останува отворено прашањето дали засекогаш ќе биде решен
статусот на Аргентинецот.

Напаѓачот се
пресели во ПСЖ како позајмен фудбалер со опција и за целосен откуп на неговиот
договор, а во Италија пишуваат дека Интер не е единствената страна која
притискала за заминување на Икарди од таа екипа.

Според пишувањата
на „СпортМедиасет“, се вели дека личниот спонзор на Аргентинецот, брендот за
спортска опрема „Најк“, исто така притискал силно за трансферот на Икарди да се
реализира, таа компанија е инаку спонзор на обата клуба, а веројатно е дека
силно била инволвирана во целото сценарио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×