Како што пишува „Марка“,
во соблекувалната на Барселона не тече мед и млеко, а тоа се должи на чувството
на измаменост кај поголемиот дел од првиот состав на Каталонците кои наводно се
чувствуваат измамени по крајот на летниот преоден рок, каде очекувале многу
повеќе од тоа што се случи.
Ернесто Валверде
сега нема само мисија од спортски аспект во своите раце, тој сега има за цел и
да ги мотивира фудбалерите за да ги постигнат целите на клубот за актуелната
сезона.
Поголем дел од
првотимците на Барса, на големо го очекувале враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“,
иако извесен период таа можност се споменуваше како реална за да се оствари, од
тоа не се случи ништо.
Можноста за
реобединување на триото МСН, кое го содржи Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар,
беше големо очекување, а воедно ги импресионираше сите во соблекувалната на таа
екипа, па така фудбалерите барале од претседателот на клубот, Жозеп Мариа
Бартомеу и останатите високи челници да сторат се’ што е можно да го вратат Нејмар.
Фудбалерите
наводно чувствуваат дека клубот не бил на вистински начин заинтересиран да го
врати Бразилецот во сопствените редови, а многумина од нив во целата таа
сапуница утврдиле дека тоа е еден вид начин за да останат среќни.
Иван Ракитиќ не е
импресиониран од начинот на кој клубот се обидуваше да го искористи како „мамец“
за да го ангажира Нејмар, Хрватот се здоби и со фрустрација кон Валверде поради
тоа што го изостави од почетниот состав во воведниот дел од сезоната, и покрај
фактот што тој покажа лојалност кон Барселона и изрази целосна желба да остане
на „Камп Ноу“.
Меѓу другото, се
наведува и дека односот на Осман Дембеле, од кого се очекуваше многу, не се
промени, особено тука говориме за професионалниот однос на младиот Французин,
темата околу тоа колку Каталонците зависат од Лионел Меси веќе се потврди по
само едната победа забележана во трите рунди од Примера во новата сезона.