Манчестер
јунајтед планираат повторно да се вратат во трката за Кристијан Ериксен,
плејмејкерот на Тотнем кој не успеа да ги реализира своите амбиции да го облече
дресот на Реал Мадрид во изминатиот летен преоден рок, пишува „Дејли Мејл“.
Неостварената
желба на Данецот да се пресели во шпанската престолнина е голема надеж во тимот
од „Олд Трафорд“ во нивните амбиции во трката за неговиот потпис, а извесно е
дека Ериксен силно посакува нов предизвик, но, вон Лондон.
Актуелниот
важечки договор на Ериксен со Тотнем истекува на крајот од актуелната сезона,
нема да зачуди доколку си замине од редовите на Премиерлигашот уште во
јануарскиот преоден рок, во спротивно, доколку не го продолжи договорот, ќе си
замине како слободен играч во летниот преоден рок идната година, а Тотнем ќе
загуби многу во едно такво сценарио.
„Дејли Мејл“ заклучува дека постои голема надеж во таборот на Манчестер јунајтед во случајот со Ериксен, па така тимот од „Олд Трафорд“ би испратил и конкретна понуда во јануарскиот преоден рок, токму Данецот се наведува како главна желба на Манчестер јунајтед за во јануари.