Последниот потег
на Пол Погба на социјалните мрежи дополнително ги подгреа шпекулациите околу
неговиот можен трансфер во Реал Мадрид, веројатно е дека ѕвездата на Манчестер
јунајтед има голема желба да го облече дресот на „Кралевите“.
Шпанскиот гигант
не успеа да ја оствари големата желба на Зидан, Манчестер јунајтед остана на
своето дека Французинот ќе остане во клубот по крајот на летниот преоден рок, а
тоа веќе се случи.
Погба уште од
поодамна посочи дека постои желба кај него за нов предизвик во кариерата,
меѓутоа во Манчестер јунајтед беа јасни околу тоа дека не сакаат да се откажат
од неговите услуги, барем не во моментов.
Сепак, Погба ќе
остане на „Олд Трафорд“ барем до јануарскиот преоден рок, дотогаш сигурно уште
многу шпекулации ќе има околу неговата иднина, меѓутоа, 26 годишниот фудбалер
дури и на социјалните мрежи испрати индиректна порака за тоа што посакува во
иднина.
На самиот
Французин му се допадна еден коментар на социјалните мрежи во кој тој беше
повикан да отиде во Реал Мадрид, а овој негов потег крена голема прашина во
јавноста која се запраша дали јануари е периодот кога Французинот би потпишал
за „Кралевите“.
