Фудбалерот од
редовите на Тотнем, Кристијан Ериксен веројатно е фрустриран од тоа што не беше
во можност да го напушти Премиерлигашот изминатиот летен преоден рок, јасно е
дека првиот човек на клубот, Даниел Леви е познат како тежок преговарач, па
многумина го вперуваат прстот токму во него за нерешениот статус на Данецот.
Ериксен подолг
период се најавуваше дека ќе си замине од Лондон, меѓутоа летниот преоден рок
веќе истече, со тоа што Данецот ќе остане во Тотнем барем до јануари, тој не крие
дека одлуката која треба да се донесе за неговата иднина е тешка.
„Би сакал да
донесам одлука исто како на „Фудбал Менаџер“, меѓутоа за жал не можам тоа да го
сторам“ изјави Данецот кој се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а неговиот
актуелен важечки договор со Тотнем истекува идното лето.
„Не обрнувам
внимание на тоа што го пишуваат медиумите, во тоа сум инволвиран веќе неколку
години, постоеа многу шпекулации за мојата иднинаниз годините, меѓутоа, јасно е
дека оваа година тие шпекулации беа засилени со оглед на тоа што мојот договор
истекува“ додава тој.
„Знам дека многу
луѓе се заинтересирани за тоа каде би ја продолжил кариерата, односно каде би
сакал да продолжам, таква е ситуацијата, сево ова се случува кога играте во
голем клуб на начин на кој што треба, секогаш ќе постојат шпекулации“ заклучи
27 годишниот Ериксен.