176
Икарди во последните моменти од преодниот рок се пресели од Интер во ПСЖ. Позајмица со можност комплетно да биде откупен за околу 70 милиони евра.
Напаѓачот преку пост на инстаграм стори му се заблагодари на Интер.
Икарди напиша: „Благодарам за се“, потоа ја истакна својата статистика од 219 одиграни меча, 124 голови и 39 асистенции и на крајот напиша „Збогум“, збор што за некои значи дека не планира да се врати во клубот.
