Реал го продаде Навас на ПСЖ за 15 милиони евра, го доби и Ареола на позајмица

by
1 минути читање

На Кејлор Навас
му се исполни желбата, голманот од Коста Рика побара трансфер во Париз со цел
да има поголема минутажа. По две недели шпекулации, вечерва пристигна
официјална потврда.

Реал Мадрид и ПСЖ
вечерва го потврдија трансферот, Кејлор Навас се сели на „Паркот на Принцовите“
за околу 15 милиони евра и стави потпис на договор со трајност до 2023.

Како дел од
зделката, на „Сантијаго Бернбауе“ на позајмица до 30. јуни 2020 пристигнува
Алфонс Ареола, кој ќе му биде резерва на Тибо Куртоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×