Меси, Роналдо и Ван Дајк ќе се борат и за наградата „Д Бест“, ова се сите финалисти (ФОТО)

by
1 минути читање

Аргентинецот,
Португалецот и Холанѓанецот веќе седеа еден покрај друг кога минатиот четврток
УЕФА во Монако ги прогласуваше најдобрите за минатата сезона.

Тројцата сега ќе
се борат и за наградата Фудбалер на годината во избор на ФИФА односно трофејот
„Д Бест“. Светската куќа на фудбалот попладнево ги објави финалистите и сосема
очекувано Лео Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк се имињата.

На цереминијата
во Милано ќе се избира и најдобра фудбалерка, најдобрите тренери во машка и
женска конкуренција, најдобрите голмани во машка и женска конкуренција, а ќе се додели и
трофејот „Пушкаш“ за најубав гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×