240
Мауро Икарди се согласил да се пресели во ПСЖ, според италијанските медиуми оваа сезона тој ќе игра таму како позајмен играч, а потоа ќе може и комплетно да биде откупен за околу 70-75 милиони евра.
Некои велат дека најпрво ќе го продолжи договорот со Интер од 2021 на 2022 по што во 15 часот ќе летне кон Париз каде што ќе треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот.
Ќе го продолжи договорот со Интер со цел италијанскиот клуб да се осигура да не го загуби како слободен играч во 2021 година.
Доколку Икарди се покаже како добро засилување за ПСЖ, францускиот клуб во некој од наредните преодни рокови полесно ќе се откаже од услугите на Нејмар кој остана во Париз.