1,1K
Денес е последниот ден од преодниот рок, а еден од трансферите кои ќе се случат ќе биде и тој на Мхитарјан од Арсенал во Рома.
Фудбалерот отринава пристигна во Рим, треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со италијанскиот клуб.
Според информациите на италијанските медиуми, тој во Рома оди како позајмен играч со опција комплетно да биде откупен по крајот на сезоната.
Во текот на денот Рома ќе го објави и трансферот на Никола Калиниќ кој доаѓа од Атлетико Мадрид на позајмица со опција да биде откупен за 10 милиони евра по крајот на сезоната.