Нов кикс на Реал Мадрид во Примера, одиграа 2-2 на гостувањето кај Виљареал и по три одиграни кола имаат пет освоени бода, четири помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Херој на Реал Мадрид на Ел Мадригал или по ново Естадио де ла Керамика, беше Герет Бејл, фудбалерот кој не беше во добар однос со Зинедин Зидан.
Во 12. минута Виљареал поведе со гол на Морено, а Герет Бејл во судиското продолжение од првиот дел изедначи на 1-1.
На 15 минути до крајот домаќините дојдоа до ново водство овој пат преку Гомез, но Бејл во 86. минута со лукав гол израмни на 2-2.
Во судиското продолжение Бејл за две минути успеа да добие два жолти картони, автоматски црвен и го заврши мечот пред последниот судиски свиреж.