174
Натпреварот почна ужасно за Атлетико Мадрид, не поминаа ни 20 минути а Еибар со голови на Карлес и Арбиља веќе водеше со 2-0.
Добра работа беше што предноста на гостите беше рано направена, па имаше доволно време за пресврт.
Во 27. минута по асистенција од Диего Коста, Жоао Феликс постигна гол и го намали резултатот на 2-1.
По седум минути игра Витоло изедначи на 2-2. Имаше доволно време и за трет погодок.
Но третиот погодок дојде дури во 90. минута, нововлезениот Томас Парти погоди за победа на Атлетико Мадрид од 3-2.
По три одиграни кола Атлетико Мадрид е единствениот тим со максимален учинок.