Поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил се надева дека по Ромелу Лукаку, и
други фудбалери од тој состав ќе си заминат од „Олд Трафорд“, воедно, тој не го
крие задоволството што Белгиецот веќе си замина.
„Среќен сум што
си замина, нема да бидам целосно среќен се дури не си заминат сите до еден кои
сметаат дека се подобри и поголеми од самиот клуб, воедно и оние кои не сакаат
да бидат во таа екипа“ напиша Невил на социјалните мрежи.
Лукаку веќе тргна
со гол во дресот на Интер во воведното коло од Серија А, откако „Нероаѕурите“
славеа убедливо со 4-0 на домашен терен над Лече, вечерва Белгиецот има нова
можност да ја затресе мрежата во тамошниот шампионат, и тоа на гостувањето кај
Каљари.
Што се однесува
пак до Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер сигурно мака мачи во поглед на
нерешениот статус на првата ѕвезда во составот, Пол Погба, веројатно и самите
коментари на Гери Невил кореспондираат со тоа, со оглед на прашањето околу тоа
колку Французинот сака да остане на „Олд Трафорд“.