Роналдо погоди против Наполи, а во прославата се пошегува на сметка на ВАР (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус добро се
испоти во дуелот против својот веројатно најголем ривал и сезонава во битката
за титулата во Серија А, Наполи, иако „Старата дама“ имаше дури и предност од
3-0, на крајот пресуди автоголот на Кулибали во самата завршница за триумф на
домаќинот од 4-3.

Првата ѕвезда на
италијанскиот првак, Кристијано Роналдо не успеа минатото коло во минималната
победа кај Парма во воведното коло да погоди, иако го стори тоа, голот му беше
поништен поради офсајд позиција, а таквата одлука падна по консултацијата со
ВАР.

Синоќа
Португалецот го постигна првиот гол сезонава во Серија А, меѓутоа во прославата
на истиот се пошегува со фановите упатувајќи гестикулација кон нив да сочекаат
на конечната одлука, за во случај ВАР да одлучи нешто друго, меѓутоа, на крајот
голот беше сосема регуларен…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×