„Наполитанците“ се жалат дека била оштетени, немало прекршок од Елмас врз Дибала?! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи на
трагичен начин го загуби дуелот со Јувентус. Гостите за 15 минути се вратија од
3-0 до 3-3, за во последните мигови од мечот Калиду Кулибали да ја затресе
сопствената мрежа и да им подари победа на „бјанконерите“.

Навивачите на
Наполи тешко се помирија со поразот и на социјалните мрежи веднаш се пожалија
дека биле оштетени. Тие сметаат дека судијата Орсато погрешил кога досудил
прекршок за стартот на Елмас врз Дибала, слободен удар по кој падна смешниот
автогол.

Од повторените и
забевни снимки на Скај Спорт се гледа дека Македонецот најпрво ја удира
топката, а потоа има контакт со Аргентинецот. „Наполитанците“ сметаат
дека немало доволно елементи за судијата да ја прекине играта.

Дали се во право,
погледнете го видеото и проценете сами.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×