256
Шкртел како слободен играч го напушти Фенербахче и на 9. август стави потпис на едногодишен договор со Аталанта.
Тој се уште немаше деби во Серија А, во првото коло беше на клупата на дуелот со СПАЛ, а и денеска беше предвиден да биде резерва.
Но, „Газета дело Спорт“ и уште неколку италијански медиуми информираат дека Шкртел и Аталанта ја прекинале соработката на взаемна согласност.
Се верува дека фудбалерот бил во кавга со тренерот Џан Пјеро Гасперини поради неговата улога во тимот.
Искусниот Словак беше доведен како засилување кое треба да го зголеми ростерот во сезона кога Аталанта ќе игра и во Лигата на шампионите, но љубовта траеше само три недели.