Наполи се врати од 3-0 па Кулибали си постигна автогол во 92. минута и му подари победа на Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Луд натпревар во
Торино, Јувентус водеше со 3-0 по еден час игра, но Наполи се врати со три гола
за 15 минути. Сепак гостите останаа со празни раце откако Калиду Кулибали си
постигна автогол во 92. минута од мечот.

Резултатот беше
отворен во 16. минута, по една брза контра, Данило реализираше за 1-0 само 30
секунди откако влезе во игра на местото на повредениот Де Шиљо.

Во 19. минута
веќе беше 2-0. Гонзало Игуаин си поигра со Кулибали и биеше неодбранливо под
пречката. Јувентус потоа имаше уште две добри прилики преку Кедира, но мрежите
мируваа до крајот на првиот дел.

Анчелоти направи
две измени на стартот од второто полувреме, Лозано и Руи влегоа во игра, Наполи
за нијанса заигра подобро, но Јувентус од својата прва посериозна акција во
продолжението од мечот поведе со 3-0 со голот на Роналдо.

И многумина
веројатно веќе тука мислеа дека е решено прашањето за победникот, но гостите не
се предадоа и се вратија во игра со два брзи гола. Најпрво по еден прекин
Манолас намали на 3-1, за 120 секунди подоцна Лозано да финишира една добра
акција за 3-2.

Во 81. минута, по
еден нов прекин Ди Лоренцо ја затресе мрежата на Шчесни за 3-3.

И кога се
очекуваше дербито да заврши со поделба на бодовите, Кулибали реагираше
неспретно во втората минута од судиското надополнување и му подари триумф на
Јувентус.

Нашиот Елиф Елмас
доби шанса во последните 15 минути, и сосема добро ја одработи својата задача
на средината од теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×