160
Ливерпул запиша
уште една победа, вечерва избраниците на Клоп триумфираа на незгодното
гостување на Трф Мур. Резултатот беше отворен во 33. минута кога еден центаршут
на Арнлод испадна атрактивен лоб. Топката го закачи Вуд, го промени правецот и
ги изненади голманот Поуп кој само гледаше како таа завршува зад неговиот грб
во мрежата.
Пет минути
подоцна веќе беше 0-2. Едно грешно додавање отвори контра за Ливерпул а Фирмино
му асистираше на Мане за 0-2. Во 80. минута од мечот Фирмино ги постави
конечните 0-3.
За „црвените“ ова
беше 13. победа во низа во Премиерлигата, и тоа е нов клупски рекорд.