Испишана историја, Ансу Фати со прекрасен гол стана најмладиот стрелец за Барселона (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Поради неколкуте
повреди во офанзивата, Валверде на почетокот од сезоната го повика 16 годишниот
Ансу Фати да тренира со првиот тим.

Момчето од Гвинеа
Бису дебитираше минатиот викенд против Бетис, а денеска доби нова шанса и
веднаш испиша историја.

Тој влезе во игра
на стартот од вториот дел на гостувањето во Памплона и по пет минути игра се
запиша во листата на стрелците. По едно нафрлување, напаѓачот скокна високо со противник на грбот и прекрасно
со глава донесе 1-1.

Со овој гол тој
стана најмладиот стрелец во историјата на Барселона, и третиот најмлад стрелец
во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×