Јувентус на
подолго време остана без капитенот и столбот во одбраната. Џорџо Кјелини на
денешниот тренинг го повредил десното колено а деталните тестови донеса лоши вести.
Италијанецот го
оштетил предниот вкрстен лигамент и ќе мора да оди на опрација. За ваков тип на
повреда следува минимум шест месеци пауза, но со оглед на тоа дека дефанзивецот
има 35 години, може да му треба и повеќе време за рехабилитација.
Тешката повреда
на Џорџо Кјелини сигурно ќе значи и промена на трансфер плановите на „старата
дама“. Раководството на клубот се обидуваше да се раздели Ругани или Демирал,
но сега се верува дека тие ќе останат.
Местото во
стартниот состав се очекува да биде пополнето од големото летно засилувањеа
Матајс де Лихт, кој против Парма беше на клупата и потоа изрази незадоволство
од улогата на резерва.