Нејмар останува во центарот на вниманието, речиси сите се во исчекување на вестите за
неговата иднина и дали ќе се врати на Камп Ноу ова лето. Директорите на
Барселона беа оптимисти по состанокот кој се одржа во вторникот во Париз, но
денеска владее песимизам и медиумите блиску до „каталонците“ пишуваат дека
трансферот е на чекор до пропаѓање.
Преговорите сепак
ќе продолжат и двата клуба ќе се обидуваат да најдат решение се до крајот на
преодниот рок (2. септември).
Во меѓувреме,
еден од спонзорите на Нејмар крена голема прашина на социјалните мрежи. Брендот
за часовници, ГаГа Милано на својот Инстаграм профил објави пост на кој Нејмар
позираше со нивен часовник и го носеше новиот дрес на Барселона.
Откако објавата
предизвика реакции кај фудбалските љубители, посот брзо беше избришан. Па се
поставува прашањето дали ГаГа Милано знае нешто повеќе или се работи за грешка.
Parfait, la marque de montre en partenariat avec Neymar se mêle du feuilleton à sa manière… pic.twitter.com/4yEFPB4MIK
— Hadrien (@hadrien_grenier) August 30, 2019