ПСЖ ја предупредува Барселона: Побрзајте или Нејмар може да заврши во Јувентус

by
1 минути читање

Откако делегација
на Барселона во вторникот беше во Париз на преговори со ПСЖ, постоеше голема
доза на оптимизам дека ќе се договори трансферот на Нејмар. Дури се говореше и
за негова промоција, која била планирана за четврток или петок, но денеска
оптимизмот е заменет со песимизам.

Играчите кои ги
нуди Барселона како дел од зделката, Иван Ракитиќ, Осман Дембеле и новото име
Жан Клер Тодибо, не се премногу заинтересирани за преселба на „Паркот на
принцовите“ а ниту ПСЖ не прави некој сериозен напор да ги убеди да се
преселат во престолнината на Франција.

„Каталонците“ од
друга страна пак немаат пари за да платат над 200 милиони евра колку што бара
ПСЖ, па Мундо Депортиво вели дека зделката е на чекор до пропаѓање.

Напори ќе
продолжат да се прават и во следните денови, но треба да се случи голем пресврт
за Нејмар да се врати на Камп Ноу.

Во меѓувреме, во емисијата Ел Чирингито беа објавени детали од синоќешната
средба на Насер Ал Келаифи и Жозеп Мариа Бартомеу во Монако. Првиот човек на ПСЖ го
предупредил својот колега дека треба да побрзаат зошто Јувентус внимателно ја
следи ситуацијата и може да го украде Бразилецот во последен миг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×