Мауро Икарди нема
иднина во Интер, иако постојат верувања во Италија дека тој заедно со својата
сопруга и агент, Ванда Нара ставиле јасно дознаење дека не сака да си замине од
Милано.
Дали
аргентинскиот напаѓач води инает со политиките на клубот, или станува збор за
негова реална желба, останува дилема, во меѓувреме, тој јасно доби дознаење од
новиот тренер Антонио Конте, дека за него нема место во плановите и идеите на
тимот, а самиот Конте го посочи Аргентинецот како веќе заминат од екипата.
Од Наполи полека
но сигурно го губат трпението, тие веќе подготвија понуда од 65 милиони евра за
напаѓачот, а првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис веќе поставил
последен рок за евентуален договор помеѓу обете страни, а токму утрешниот ден е
момент за такво нешто.