„Кога почна со тренинзи се запрашавме дали е тој вистинскиот Салах, или негов близнак, а потоа…“

by
2 минути читање

Неколку години
траеше макотрпната работа на Мохамед Салах да се искачи до врвот на европскиот
и светски фудбал, ѕвездата најпрво тргна со трансферот во Базел во 2012. година
од египетски Араб Контракторс, а потоа следеа преселби во Фиорентина и Рома, во
меѓувреме тој се враќаше во Челси, а потоа конечно пред две години направи
трансфер во Ливерпул, трансфер кој целосно го сврте текот во неговата кариера
на позитивен план.

Сепак, малкумина
знаат дека Египјанецот не оставил позитивен впечаток на првите тренинзи во
Базел, за што сведочи и тогашниот тренер на швајцарскиот тим, Хајко Фогел, кој
тврди дека во клубот за момент се запрашале околу тоа дали ангажирале квалитетен
фудбалер, и дали е тој вистинскиот на тренинзите, меѓу другото, за момент помислиле станува збор
за брат-близнак на фудбалерот кој го посакувале.

Фогел, кој во
моментов е тренер на германскиот третолигаш Уердинген, во изјава за „Спокс“
сведочи за првите впечатоци кои ги имал од Салах, кому му дал една седмица да
се прилагоди на тренинзите во Базел.

Јас на почетокот
му реков
, ‘Слушај, само
тренирај на начин на кој ти посакуваш, ние веќе ја донесовме нашата одлука
“ вели Фогел.

Потоа, тој
тренираше со нас првиот ден, сите го гледавме тој тренинг и се запрашавме
случајно да не има брат близнак
“ додава тој, алудирајќи на можноста да тоа бил негов близнак, а не вистинскиот Мохамед Салах.

Вториот ден беше
за нијанса подобар, но, не толку добар. А потоа дојде и третиот ден, тоа беше
момент кога тој практично ги „уништи“ сите околу него, беше незапирлив, беше
толку агилен, експлозивен… Доколку ја имаше топката во својата лева нога, тоа
беше гол, по тие перформанси на сите им стана јасно зошто толку посакувавме да го
ангажираме
“ заклучи 42 годишниот Швајцарец.

Кога сме веќе кај
оние кои личат на Мо Салах, вреди да се потсетиме на една сторија од ланската
година, кога ѕвездата на Ливерпул имаше средба со извесен Ахмед Баха во Каиро,
тој за кратко се стекна со светска слава поради тоа што изгледа исто како
фудбалската ѕвезда.

Еве го и братот на Салах, Наср, кој е помал, но ќе се согласите, во Базел барем за момент погодиле во претпоставката дека
постои близнак на фудбалерот, но, во однос на квалитетот, тие брзо се увериле
дека станува збор за голем потенцијал.

Инаку, помладиот Наср има голема сличност со својот постар брат, но, тие не се близнаци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×