Вулверхемптон и Манчестер јунајтед ремизираа, Руи Патрисио рефлексно му одбрани пенал на Погба (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вулверхемптон и
Манчестер јунајтед ги поделија бодовите играјќи реми со резултат 1-1 во
последниот меч од второто коло во Премиерлигата, резултатот по првите 45 минути
игра гласеше 0-1 во корист на „Црвените ѓаволи“.

Марсијал во 27.
минута ги доведе гостите во водство од 0-1 кои со таа предност заминаа на
паузата, меѓутоа по само десет минути игра во второто полувреме Невеш со еден спектакуларен гол израмни
на 1-1.

Манчестер
јунајтед имаше прилика повторно да дојде до водство откако беше направен
прекршок за најстрога казна врз Погба, а истиот фудбалер во 68. минута не успеа
да погоди од белата точка по одличната реакција на Руи Патрисио, а резултатот
1-1 остана до крајот на пресметката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×