Барселона не се
откажува од намерата да го ангажира Нејмар. РАЦ1 пренесува за состанок на кој
ќе биде целото раководство на клубот.
Претседателот
Бартомеу, потпретседателот Томбас, директорите Бордас и Грау, техничките
секретари Абидал и Планес како и човекот од доверба Андре Кури ќе имаат средба на Камп Ноу
на која ќе се анализира ситуацијата на Бразилецот и ќе се стокми финална
понуда.
РАЦ1 не открива
детали за предлогот, но вели дека Барселона на ПСЖ во скоро време ќе му испрати
формална понуда во пишана форма.
Сега кога Филипе
Кутињо не може да биде ставен на маса, се верува дека „каталонците“ можат да го
ангажиаат Нејмар само на позајмица.
Дали ПСЖ е
подготвен под вакви услови да се раздели со напаѓачот останува да видиме.